Занимливости

Златни правила во исхраната



zelencuk

Потребите на телото не се исти во секоја возраст. Правилната исхрана е темел на здрав начин на живот. Со текот на времето се менува и телото, па така да  она што го јадеме на 30 години  не треба да се јаде и во  педесеттите, предупредуваат американските научници.

Од 20 до 30 години

Јадете многу млечни производи бидејќи коските се уште растат а алкохолот треба целосно да се избегнува поради лошото влијание врз здравјето на ноктите, косата и кожата. Строга диета во текот на овој период не е препорачлива.

Од 30 до 40 години

Ќе почнете да чувствувате недостаток на енергија и замор, затоа би било добро кафето да го замените со  суво овошје, особено кајсии и јаболка, и цели зрна. Избегнувајте шеќер и нездрави масти со цел задржување на тежината во нормални граници.

40-50 години

Се појавуваат првите знаци на анемија, поради која експертите препорачуваат квалитетно црвено месо, овошје и зелен лиснат зеленчук. Избегнувајте слатки, бидејќи на оваа возраст калориите потешко се трошат и може да добиете вишок килограми.

50-60 години

Во овој период имунитетот паѓа, па затоа е потребно консумирање на пробиотици и пиење на многу вода за да се избегне дехидрација. Јадете повеќе зеленчук и риба, додека сувомеснатите производи треба да бидат надвор од вашето мени.

По 70 години

Исхраната треба да биде врз основа на овошје, зеленчук, пилешко, риба, и не заборавајте да пиете многу течности, особено вода.














Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button