Зошто е бананата супер?
Вторник, 07 Јануари 2014 16:18
Бананата е овошје кое треба да го конзумирате секојдневно. Содржи три природни шеќери, сахароза, фруктоза и глукоза, но и влакна кои се одличен извор на енергија. Ви ги откриваме сите причини зошто бананата е супер избор.

Депресија- Бананата содржи триптофан, врста на белковина која стимулира лачење на серотонин кој го поправа расположението и прави да се чувствувате среќно.
ПМС- Бананата е богата со витамин Б6 кој го регулира нивото на глукоза во крв, па позитивно влијае на расположението.
Анемија- Бананата е богата со железо. Конзумирањето банана може да стимулира производство на хемоглобин во крвта, па помага при решавање на проблемот анемија.
Притисок- Бананата е богата со калиум, а содржии малку соли, заради што е идеална намирница за регулирање на притисокот.
Концентрација- Истражувањата покажале дека калиумот од овошјето е добар за концентрација, па помага при учење.
0 Коментари