Занимливости

Скокоткањето го активира центарот за болка во мозокот, смеењето е одбрана

Најчувствителните делови на телото се вратот, стомакот, препоните, пазувите и стапалата, а непријатноста произлегува од чувството на очекување на болката, поради што не можеме сами себе да се скокотнеме.

skokotkanje

Хистеричното смеење се јавува како последица од скокоткањето не поради пријатноста која ја чувствуваме, туку поради активирање на деловите на мозокот наречени Rolandic Operculum, покажала студијата на германскиот Универзитет Туебинген. Во студијата во која 30 волонтери биле подложени на скокоткање, секој од нив зависно од чувствителноста на нервните завршетоци и кожата, реагирале со смеење како одбранбен механизам.

Делот од мозокот кој се активира со скокоткање е задолжен за очекување на чувството на болка, па иако скокоткањето не е болно искуство, тоа е секако непријатно, објаснуваат научниците. Исто така, се стимулира и хипоталамусот кој е одговорен за телесната температура, глад, замор, но и инстиктивните реакции. Тие потврдиле дека најчувствителни делови на телото за скокоткање се вратот, стомакот, препоните, пазувите и стапалата.

„Скокоткањето е непријатно бидејќи нашиот мозок во тоа време очекува болка, а тоа е причина поради која не можеме да се скокотнеме сами себе. Тогаш мозокот знае дека реакцијата на стимул е непотребна, па тоа очекување престанува да биде стимул“, објаснил др. Алан Хирш.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button