Апетитот не е секогаш виновен: Причини поради кои сте секогаш гладни
1.Не доручкувате
Пециво од на нозе може да ви се чини како добра идеја ако сте во метеж, но доколку тоа ви прејде во навика, организмот нема да биде пресреќен. Имено, добриот доручек подразбира комбинација на протеини и јаглени хидрати кои ќе ве одржуваат сити со часови. Не го прескокнувајте доручекот, само затоа што, наводно, немате време за него. Наместете го будилникот 10 минути порано, без изговор.
2.Прескокнувате оброци
Целодневното изгладнување и вечерното прејадување се забранети, доколку сакате да влезете во старите фармерки од пред неколку години. Значи, да ве потсетиме: три оброци, две ужинки, и немојте да јадете после 18 часот.
3. Ги мешате гладот и жедта
Чувството на глад и жед често може да се помешаат. Кога ќе почувствувате глад, прво напијте се чаша вода и почекајте 10 минути. Доколку ви помине желбата за храна, тоа е знак дека вашиот огранизам дехидрирал и ви била потребна само чаша вода.
4.Нездрава храна
Брзата храна, полна со масти само ќе ви создаде привидно чувство на ситост. Честото конзумирање на ваква храна само предизвикува брзо отпуштање на шеќер во крвта, после што ќе бидете уште погладни. Бирајте здрави намирници, овојшје, зеленчук, немасни јогурти, риба…
5.Не спиете доволно
Причината поради која после непроспиените ноќи се појавува глад е поради промената на хормонот грелин во ќелиите на стомачното ткиво, но и во различни делови на мозокот и хипоталамусот. Пред да јадеме, нивото на овој хормон во телото е многу високо и ги стимулира мозочните ќелии, кои ни даваат до знаење дека би требало да јадеме. После оброкот, нивото на хормонот драстично се смалува.
6.Досадно ви е
Досадата е многу честа причина за конзумирањето на нездрави грицки, што го покачува нивото на допамин т.е. чувството на среќа. Немојте да јадете само затоа што не знаете што да заправите со себе. Одете протегнете ги нозете, прошетајте и ќе видите, гладот брзо ќе ви пројде.
7.Под стрес сте
Без оглед на тоа дали станува збор за физички или психички стрес, хипоталамусот праќа сигнал за ослободување на кортизол, хормонот за стрес. Научниците заклучиле дека високото ниво на кортизол, до кое доаѓа кај хроничниот стрес, може да го зголеми апетитот.

