Како полесно да запаметите нечие лице
(Фото: Menshealth.com) Дури и во вистинскиот контекст, некои луѓе едноставно не можат да се сетат од каде им е познат ликот кој го гледаат. Ако и вие го имате истиот проблем, а не сте Бред Пит, кој тврди дека пати од прозопагнозија, состојба што прави да биде тешко да се препознаваат лица, а за која се верува дека е делумно наследна состојба – не очајувајте, чаре има.
Сè што треба да направите е да ги следите овие три чекори за да ги запаметите сите луѓе кои ги запознавате.
Прескокнете ги пијалаците. Познато е дека алкохолот влијае врз меморијата и вашата способност да воспоставите трајна врска помеѓу името и лицето, и во моментот кога запознавате некого, но и потоа. Барем така тврдат наодите на едно истражување спроведено на Универзитетот „Стенфорд“ во 2012 година.
(Фото: Фликр)
Така, ако се наоѓате меѓу луѓе што лесно се навредуваат, на пример, другарките на девојката со која излегувате, одложете го пиењето алкохолен пијалак дури не ги запознаете и ви ги кажат нивните имиња.
Држете се до запознавања еден-на-еден. Истражувањето на Апс открива дека постои помала веројатност дека ќе запомните некого ако сте го/ја запознале меѓу толпа луѓе кои не ги познавате и кога интеракцијата е куса.
– Кога сте изложени на нечие лице само накратко, вашиот мозок нема доволно време за да ги запомни особеностите карактеристични за тоа лице – вели Апс.
(Фото: Оupeltglobalblog.com)
Запознавајте ги луѓето еден-на-еден. На таков начин, му давате шанса на вашиот мозок да го „изгравира“ во вашата меморија лицето на човекот со кој се запознавате без притоа да биде преоптоварен со други информации.
Фокусирајте се на поединечните црти. Видете што прават жените кога се меѓу луѓе. Имено, жените многу повеќе посветуваат внимание на поединечните црти одошто мажите, па така тие создаваат побогато сеќавање за даденото лице. Следниот пат кога разговарате со некого за првпат концентрирајте се на тоа внимателно да го забележите секој детал на лицето на вашиот соговорник. Фокусирајте се на целото лице, наместо да ги гледате само очите. Обрнете внимание на веѓите, носот и брадата за подобро да ги запомните.
(Телеграф.мк/Извор:menshealth.com)

