Занимливости

Заситените масти не се причина за срцевите заболувања? | Maxim

Големо истражување објавено на Универзитетот Кембриџ ги доведе во сомнение повеќегодишните експертски тврдења дека заситените масти се штетни за срцето. 

Анализите на 72 студии во кои се опфатени повеќе од 600.000 испитаници, покажале дека не постои никаква поврзаност меѓу конзумацијата на заситените масти и болестите на срцето. 

По зборовите на доктор Радџив Шадуриј, членовите на универзитетскиот стручен тим, овој проект е спроведен поради се поголемиот број на контроверзи за штетното влијание на шеќерот и заситените масти во организмот. 

„Добиените резултати покажале нешто сосема друго. Така да нутриционисите очигледно мораат да го менуваат ставот кога станува збор за препораките на здравата исхрана. Точно е дека кардиоваскуларни болести се водечки во светот, по бројот на умирања. Но, истражувањето спроведено во дури 18 земји покажало дека за таквата состојба не се криви масните киселини, туку нешто друго. Мастите, всушност, го добиле епитетот нездрава храна, поради погрешното толкување на научните студии, појаснил Шадуриј.  

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button