Занимливости

Правила за избор за совршена бебиситерка





bebisiterka

Баби и дедовци, сестри и браќа и добри пријатели секогаш се одлично и бесплатно решение за чување на детето. Но што да прават родителите, кои ги немаат на располагање? Засекогаш да се откажат од работата, од излегувањата и да се помират со судбината дека никогаш нема да се посветат еден на друг? Секако дека не.

Сепак при изборот на бебиситерка родителите треба да се придржуваат кон одредени правила:

– Воведувајте ја во семејството постепено.

– Бидете присутни додека го учи основните операции, како што се пресоблекување и хранење.

– Дозволете и да биде самостојна, интервенирајте со совет само кога е потребно.

Вообичаениот период на навикнување на детето на непозната личност, која во иднина ќе се грижи за него е две недели. За сето тоа време е поволно родителите да бидат присутни, со цел одвојувањето да биде што е можно побезболно за сите членови на семејството.

Вашиот смирен став и топлиот однос на доверба кон избраната дадилка истовремено ќе биде и порака до вашето дете дека е во сигурни раце и оти нема причина за вознемиреност.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button