Занимливости

ВИДЕО+ФОТО Нема дланки ниту стапала, но прошета по пистата на модната недела во Њујорк

Многу девојки би сакале да прошетаат по пистата на некои од најпрестижните модни недели. Карен Креспо (31) тој сон го остварила, без оглед на фактот дека и се отстранети сите четири екстремитети.

 

Се борела да го прифати своето ново тело, а модната писта во Њујорк и помогнала конечно да ја поврати својата самодоверба. Карен Креспо е од Лос Анџелес, во 2011 година морало да и се ампутираат рацете и нозете поради бактериски менингитис, со цел да го спаси својот живот.

 

Мислела дека поради тоа луѓето нема да ја прифатат, но се се променило кога во февруари ја запознала дизајнерката Кери Хамер, која и дала нова причина да се радува.

 

Карен преку имејл и се обратила на дизајнерката кога прочитала дека таа е првата дизајнерка која има модели кои се во инвалидски колички.

Бидејќи зборовите на Карен ја трогнале, Кери ја повикала да учествува на втората Модна недела во Њујорк. Нејзиното шоу се одржа минатиот петок.

 

Освен што и помогнала да си ја врати самодовербата, таа и помогнала да собере пари за нова протетика, откако слушнала дека нејзините вештачки екстремитети (во вредност од 100.000 долари) се украдени од нејзиниот праг пред врата кога се испорачани.

 

Карен Креспо е првата личност која без сите четири екстремитети прошета на Модната недела во Њујорк. Тоа и помогнало да ја поврати самодовербата, која и ја уништила операцијата и смртоносната болест.

 

– Сега сосема поинакву гледам на работите. Можеби тоа е причината зошто сето ова ми се случи. Можеби и јас сум предодредена да инспирирам некој или да променам нечиј живот, живот на некој со попреченост или некој кој многу се сомнева во себе си и своите способности – рекла храбрата Карен.

 

Подготви: К. А.

 

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button