Тостот го смирува желудникот
Храната може да стане непријател на нашето тело и тоа по сопствена грешка. Но, ако знаеме што и како да јадеме, таа станува мевлем или лек за најразлични здравствени тегоби. Затоа, и желудочните тегоби предизвикани од вироза, погрешни прехранбени навики или од нервоза можат да се ублажат со правилен избор на продукти.
Кога активностите во желудникот почнуваат да излегуваат од контрола, се препорачува да консумирате бела храна, како на пример ориз или варен компир. Секако, не треба да го заборавите и најпопуларниот сојузник на „вознемирените“ органи за варење – тостот.
Покрај тоа што не го иритира веќе нарушењето варење, тостот ја стопира дијареата впивајќи ја течноста и на тој начин ја зацврстува столицата.
Јаболките, исто како и бананите, содржат пектин (состојка која смирува), но компотот од јаболки ќе биде уште поефикасен лек за организмот вознемирен од дијареа.
Подготви: К. А.