ВИДЕО+ФОТО Најсилната девојка на светот: Има 45 килограми, секси тело и им набива комплекси на мажите
Кејси Катензеро (24) поранешна гимнастичарка како од шега ја совладала патеката на која многу мажи потклекнале, и се пласирала во финалето на познатиот натпревар „Нинџа војници“.
Родена е на 14 јануари 1990 година во Њу Џерски, а завршила студии по уметност. Кејси на Универзитетот Тосон се натпреварувала во гимнастика од 2009 до 2012 година, и освојувала бројни награди.
Со гимнастика, имено, се занимавала 18 години.Висока е само 1,52 см, и тешка 45 килограми. Тренер и е нејзиното момче Брент Стефенсен.Но, да не ве залажуваат ситните бројки.
Таа е првата жена која успеала да ја прејде последната препрека во познатото шоу, која бара од натпреварувачите да се искачат покрај ѕид, кој е повисок од пет метри.
– Ви благодарам на поддршката… многу ми значи! Овде се обидувам длабоко да воздивнам за да сфатам што се случило. Овој момент е неверојатен. Никогаш не се откажувајте од своите соништа. Кога ќе ги исполните своите цели, тоа е необјасниво чувство – напишала Кејси на својот профил на Фејсбук после овој подвиг.
Подготви: К. А.




