Занимливости

Дали е подобро да се туширате со студена или топла вода?


Дали е подобро да се туширате со студена или топла вода?


Во зависност од вашите навики и метаболизмот, секој тип на туширање си има свои здравствени предности.

dali-e-podobro-da-se-tusirate-so-studena-ili-topla-voda-01.jpg

Откријте како вашата секојдневна рутина ви влијае на организмот и кога ви е потребен студен, а кога жежок туш.

Предности на туширањето со топла вода

Топлата вода ја ублажува болката во мускулите. Дозволете и на водата да се слева по вашите раменици, вратот и грбот за да ги ублажите болките во овие делови.

Некои истражувања докажале дека туширањето со жешка вода го поттикнува лачењето на хормонот на среќа и го намалува нивото на стрес. Затоа, по долгиот и напорен ден најдобар избор е топлиот туш.

Исто така, топлата вода ќе ви помогне да ги победите сите настинки и грипови. Дури може и да го олесни кашлањето и болката во градите.

Предности на туширањето со студена вода

Студената вода е одличен извор на енергија. Само 5 минути студен туш може да се промени вашата телесна температура, да се намали заморот и да се поттикне концентрацијата.

Истражувањата покажале дека туширањето со студена вода во периодот од 2-3 минути може да ја ублажи депресијата.

Студената вода исто така е добра за вашата коса и кожа. Жешката вода може да ви ја исуши косата, додека студената помага во хидратацијата и е одлична превенција од испуканите врвови.

Би можело да ве интересира:
Дневна доза љубов (15)Дневна доза љубов (15)…
Есента е вистинско време за љубов. Додека летото најмногу асоцира на забава, зимата на празници, а п…
Верувале или не, на ова дрво растат пари (фото)Верувале или не, на ова дрво растат пари (фото)…
Во Шкотска се наоѓа ова дрво на кое никнуваат монети, па затоа старата и добро позната „Парите не ра…
Убавата страна на есента во СкопјеУбавата страна на есента во Скопје…
Есен. Кога за момент би ги заборавиле: 1. Тмурните утра кои ви даваат желба само да потонете во уште…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button