Виршлите и паштетите чекор до кобни заболувања
Месните преработени продукти како што се виршлите, паштетите, конзервираното месо и слично можат да предизвикаат бројни малигни болести.
Глобалната фондација за истражување на ракот го комплетирала својот детален преглед базиран на 7.000 клинички студии кои се посветени на врската помеѓу малигните болести и исхраната.
Во заклучокот се вели дека доколку луѓето сакаат да го намалат ризикот од заболување од рак, би требало од својата исхрана сосема да ги исфрлат сите месни преработки, особено производите како салами, паштети, виршли и слично, особено оние кои се направени од црвено месо.
Особено опасен е натриум нитратот, супстанца која производителите ја користат за да добијат соодветна боја за производот, односно да направат производите по рафтовите да изгледаат свежо за купувачите, дури и кога не е така. За жал, натриум нитратот е заслужен за создавање нитрозамин кој го потикнува развојот на канцерогени клетки во човечкото тело.
Подготви: К. А.
