Јаболкото се јаде со лушпа – еве зошто…
Многу лица консумираат јаболки, но без лушпа, а нутриционистите истакнуваат дека на тој начин прават голема грешка. Еве и зошто…
Во неизлупеното јаболко со средна големина се наоѓаат 4,4 грама целулоза, а кога ќе го излупите, хранливата вредност се сведува на 2,1 грам, а на организмот му се потребни три грама!Освен тоа, ова овошје со лушпа има 8,4 мг витамин Ц, а без неа 6,4 мг.
И количеството на витаминот А значајно се намалува кога јаболките ќе се излупат.Лицата кои, пред да ги консумираат, само ги мијат јаболките, прават добро за својот респираторен систем. За тоа е заслужен антиоксидантот кверцетин, кој освен во ова драгоцено овошје, се наоѓа и во боровинките, брокулите, спанаќот, црвениот кромид, црвеното вино…
Истражувањето покажало дека на лицата кои неделно јадат повеќе од пет јаболки, токму поради кверцентинот белите дробови многу подобро им работат, а и памтењето им е на завидно ниво, бидејќи овој антиоксидант успешно се бори против оштетување на ткивата во мозокот.
Подготви: К. А.