Занимливости

Совршена летна фигура со „Силуете“

Центрите за убавина „Силуете“ веќе 24 години професионално ги извршуваат работите, апаратите што се користат даваат сличен резултат како и физикалната терапија. Ова лето за сите заинтересирани што сакаат да ја задржат и усовршат својата убавина и да ги елиминираат недостатоците, „Силуете“ нуди комбинирани пакети за поевтини цени.

Според основачот на центрите за убавина „Силуете“, Мелина Милески, најдобрите резултати се случуваат кога во исто време се работи со повеќе апарати.

– Тоа е и нашиот принцип, телото најдобро се формира кога во исто време се топат килограмите и се зацврстува мускулатурата, а воедно се измазнува и кожата – вели Мелина.

Многу важно во текот на слабеењето е секој да научи да се храни здраво. Тоа е клучната тајна за да се задржат постигнатата тежина и формата на телото.

– Во книгата што ја издадов е опишано како секој може да ја добие совршената фигура и како да ја задржи. Многу е важно во нормални услови луѓето да се хранат здраво, но тоа да не го сфатат како обврска или како правило, туку како свој начин на живеење. Не да се чувствуваат како постојано да се на диета – вели Мелина.

Силуете - пред и потоа

Силуете – пред и потоа

Откако ќе се стопат килограмите и ќе се зацврстат мускулите, многу полесно е да се одржи формата, нормално, ако сте одговорни и навистина сте решиле да останете здрави и убави.

– Кога ќе се постигне тежината што сме ја посакувале, се прават третмани за одржување на тонусот, а исто така, ако сè уште има минимални наслојки, најчесто тоа се случува во пределот на стомакот, се продолжува со третман како криолиполиза – вели Мелина.

Важно е да знаете дека и по постигнувањето на идеалната форма, треба да си посветите внимание на себеси. Третманите се индивидуални кај секој клиент.

– Откако ќе се намалат килограмите, најдобро е да се доаѓа два до три пати неделно, за да се одржи цврстината на мускулатурата – вели Милески.

Летните пакет-третмани за совршени силуети вклучуваат ефективно и безболно слабеење, обликување и зацврстување.

Марија Јосифовска (37) пред и потоа

Марија Јосифовска (37) пред и потоа

Пакет број 1

3 кавитации
3 микрокомпјутер
6 бодистар
4.000 ден.гратис боди-слим

Пакет број 2
1 криолиза
2 кавитации
3 липолизи
4.000 ден.гратис микрокомпјутер

Пакет  број 3
2 криолиза
2 липолиза
2 кавитација
2 микрокомпјутер
5.000 ден.

Пакет број 4
4 кавитација
4 липолиза
5.000 ден.

Пакет број 5
5 LPG
5 контур
5 слимтонтонус
6.000 ден.

Пакет број 6
4 цацитело
4 радиофреквенции
4 контур
5.000 ден.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button