Билки против долготрајна кашлица
Среда, 02 Април 2014 10:50

Употреба:
За смирување на кашлицата која е долго време упорна, како ефикасно средство се смета чај од осум различни билки. Терапија која може да се надополнува и со варена пченица.
Подготовка:
Се зема видиковец, исландски мов, лаванда, женска боквица, столисник, црн слез и тоа лист и корен, бел слез, исто така, и лист и корен, и тоа од секоја билка по 20 грама и се меша. Од таквата смеса се зема една голема лажица и се става во 200 – 300 грама вода и се остава преку ноќ да се намокри. Следното утро се вари и се додава една до две лажици мед и штом зоврие, веднаш се симнува од оган и се остава настрана да стои поклопено со капак околу 10 минути. Потоа се цеди, се додава сок од лимон и се пие три пати во денот пред секој оброк.
Покрај ова, секогаш треба да се консултирате со матичниот лекар.