Занимливости

Осум причини зошто бананата ќе ја гледате на поинаков начин

Ако сте „паднати“ бананата најбрзо ќе ве „крене“ и ќе ви даде енертија. Таа содржи три видови шеќери во комбинација со влакна и затоа е незаменлива. Стручњаците велат дека само две средни банани даваат сила за еден час и половина тренинг. Ја користат и спортисти и атлетичари, а корисна е и затоа што помага во превенцијана одредени на болести.

 

Депресија

 

Според најновите истражувања луѓето кои се склони на депресија се чувствуваат подобро кога ќе изедат неколку банани. Објаснувањето е дека бананата содржи триотопан, вид на протеин кој во телото се претвора во серотонин, хормон кој релаксира, го подобрува расположението и ве прави посреќни.

 

ПМС

Jадете банани! Витаминот Б6 кој го сорджи бананата го регулира нивото на гликоза во крвта.

 

Анемија

 

Богата е со железо, па затоа бананата е одличен избор за оние кои страдаат од анемија (слабокрвност).

 

Крвен притисок

 

Ова единствено тропско овошје е пребогато со калиум, има малку сол, и со тоа е совршена комбинација за борбата против високиот крвен притисок.

 

Мамурлак

 

Најбрз начин да се ослободите од мамурлакот е да испиете шејк од банана засладен со мед.

 

 

Каснување од комарец

 

Кога ќе ве касне комарец, каснатото место истријте го со внатрешната страна од кората бананата. Отокот и чешањето ќе се намалат.

 

Смирува

 

Бананата е богата со витаминот В6 кој благотворно влијае врз нервниот систем. Студиите од институтот за психологија во Австрија укажуваат дека смирува и нервоза и грчеви во стомакот.

 

Ја контролира температурата

 

Во многу култури бананата е овошје кое „лади“. Така во Тајланд, бремените жени често јадат банани за да се осигураат бебето ќе се роди во нормално очекуваната температура.

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button