Вкусно и супер здраво: Пред да ја правите скарата маринирајте го месото во пиво

Имено I.M.P.L.V.O Ferreira и нивните колеги од Universidade do Porto во Португалија објасниле дека некои истражувања ја откриле поврзаноста на консумирањето на месо правено на скара и ракот на дебелото црево.
Меѓутоа, маринирањето на месото во пиво, пред да го ставите на скара, може да ги намали хемикалиите кои научниците ги поврзуваат со ракот, а кои настануваат при изложување на месото на високи температури.

Имено, тогаш настануваат полициклични ароматски јаглеводороди кои се поврзуваат со појавата на рак на дебелото црево. Сепак, појавата на тие штетни хемикалии може да се редуцира на пола. Оваа вест ќе ги воодушеви љубителите на скара, посебно сега кога се приближува сезоната за правење скара во природа. Кога на сето тоа ќе додадеме дека месото треба да се маринира со омилениот пијалок на мажите, уживањето ќе биде уште поголемо.
Истражувачите од Универзитетите во Португалија маринирале свинско месо во светло, безалкохолно и црно пиво. Откриле дека црното пиво имало најголем ефект, и ги редуцирало хемикалиите на пола. Студијата била објавена во ACS’ Jpurnal of Agricultural and Food Chemistry.
Интересно е тоа што полицикличните ароматски јаглеводороди покрај тоа што ги има во месото изложено на високи температури, се наоѓаат и во цигарите и издувните гасови на автомобилите.