Занимливости

Студија за мобилните телефони и тумор на мозокот





speakingMobile

Истражувањето на шведските научници покажува дека користењето на мобилните телефони во текот на над 25 години е поврзано со тројно поголем ризик за тумор на мозокот.

Податоците собрани на Универзитетската болница во Ореброу се однесуваат и на лица кои во наведениот период користеле домашни безжични телефони.

Во истражувањето биле вклучени 1.380 пациенти со малигни тумори на мозокот, а резулатите ги објави стручното списание „Pathophysiolgy“.

Според податоците за периодот од 1995 до 2002 година, малигните тумори на мозокот се дијагностицирани кај 0,005 отсто Европејци, односно пет на 100.000 луѓе.

Истражувачите напоменуваат дека во студијата најголем ризик за глиом е откриен кај испитаници кои најмногу користеле мобилни телефони и домашни безжични телефони.

Иако Светската здравствена организација (СЗО) мобилните телефони ги класифицира како потенцијално канцерогени, поранешните истражувања на оваа тема немаа конзистентни наоди.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button