Родителите на децата генетски им ги пренесуваат лошите навики
Вторник, 26 Август 2014 10:20
Пушење, алкохолизам, неправилна исхрана и многу други лоши навики, дури и оние коишто веќе не ги практикуваат родителите, а ги правеле некогаш во минатото се пренесуваат на децата преку ДНК.

Истражувањето на научници чија статија е објавена во магазинот Science го открива следното:
– Постојат докази дека освен гените, сперматозоидите пренесуваат генетско помнење кога станува збор за лошите навики како што се пушењето, неправилна искрана, алкохолизам и слично.
Здравјето на новороденчињата започнува од нивните родители – изјавува Сара Робертсон која била дел од ова истражување.
Во минатото сите мислеа дека тоа не е важно, дека новиот живот претставува нов почеток. Тоа не е вистина, детето со себе го носи стилот на неговите родители, заклучува Сара.
