Занимливости

Пет работи за кои најмногу жалиме на крајот од животот

Брони Вер, Австралијка која работела како медицинска сестра и се грижела за болни луѓе кои биле на смртна постела, преку разговор со пациентите утврдила што тие во животот најмногу пропуштиле да сторат. Забележала дека дел од работите што ги споменале се поклопуваат. Тоа ја натерало да ја напише книгата „Пет работи за кои најмногу жалиме пред умирање: Како смртта на блиските ни го менува животот“. А еве за што најмногу жалат луѓето.

1. Ни фали храброст да живееме живот во кој би биле верни кон себеси

Ова е апсолутно најчестата желба. Кога ќе сфатат дека се доближува крајот на животот, луѓето лесно забележуваат дека имаат многу соништа кои им останале неостварени поради изборот кој го направиле во животот. Здравјето ни дава слобода за која не сме свесни дека ја имаме, се додека не го изгубиме.

(Фото:Foter)

(Фото:Foter)

2. Премногу работиме

Ова особено ги мачело мажите кои сакајќи да го обезбедат семејството, заробени се во бескрајни работни часови, ја губат блискоста со партнерот и со семејството. Не се поштедени ниту жените кои посветени на кариерата, принудени се да го хранат семејството.

Фото:funlava.com

Фото:funlava.com

3. Немаме храброст да ги изразиме чувствата

Многумина ги потиснуваат чувствата за да го зачуваат мирот во односите со другите луѓе. Резулатот е просечен живот, во кој никогаш не го постигнале она што го сакале. Поради огорченост, многумина се разболеле.

(Фото: Profimedia)

(Фото: Profimedia)

4. Изгубен контакт со пријателите

Вистинската вредност на старите пријатели многимина ја сфаќаат кога е премногу доцна. Преокупирани со обврските, во текот на годините дозволиле пријателствата да згаснат. Многумина жалат што не им посветиле доволно време на пријателите кои им недостасуваат.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

 

5. Не си дозволуваме себеси да бидеме среќни

Многумина до крајот на животот не сфаќаат дека среќата претставува избор. Заробени во модели на однесување и на своите навики, луѓето дозволуваат комфорот на рутината да го совлада нивниот физички живот и емоциите. Стравот од промени ги тера пред другите и пред себеси да глумат дека се задоволни, додека длабоко во себе чезнеат за искрена насмевка и спонтана радост.

Моите пациенти беа луѓе кои од болница беа пуштени дома да умрат, а со нив споделив некои навистина неверојатни моменти. Соочени со својата смрт луѓето нагло созреваат, а некои од тие промени се како феномен. Очекувано, се соочуваат со различни чувства – со страв, гнев, негирање, на крај прифаќање, вели Вер.

(Телеграф.мк/извор: Блиц)

 

 

 

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button