Рецепт : Банана колач со моркови
Потребни состојки:
3 зрели банани
2 изрендани моркови
2 јајца
100 мл. јогурт
160 гр. брашно
140 гр. интегрално брашно
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка прашок за печиво
1 лажичка цимет
150 гр. сушена брусница
Подготовка:
Бананите испасирајте ги со вилушка, додајте го морковот, јајцата и јогуртот. Измешајтја смесата додека не се изедначи. Во друг сад измешајте ги двете брашна, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и циметот. Додајте ја смесата од банани и повторно измешајте се убаво да се соедини.
На крај ставете ги исушените брусници. Излијте ја смесата во намачкан калап и печете на загреана рерна на 180 степени се додека чепкалката не излезе сува кога ќе ја забодете во колачот. За мафините е доволно 20 минути, додека за куглоф ќе ви бидат потребни 40 минути.
Печениот колач оставете го во калап малку да се излади, а потоа извадете го колачот и посипете го со шеќер во прав.
Подготви:Б.В.