Занимливости

Постарите луѓе навистина може да умрат од љубов





srce-dlanka

Процесот на тагување по изгубеното сакано лице може да предизвика нерамнотежа во лачењето хормони, која негативно се одразува на бројот на имуно-клетките, тврдат научниците од Универзитетот во Бирмингем.

Тие неодамна спроведоа истражување кое опфати повеќе пациенти од кои половина биле на постари од 65 години, додека другите биле во старосна група од 18 до 45 години, јави „Дејли телеграф“.

Во секоја група половина од испитаниците неодамна ја изгубиле саканата личност, било да е во прашање смртен случај или крај на долга и интензивна љубов. Другата половина од групата и понатаму била во среќна врска. Дисбалансот на клучниот хормон се јавуваше само кај оние пациенти кои тагувале по изгубениот партнер.

Тоа посебно било воочливо во групата на постарите луѓе, додека оние помладите имале нешто посилен имуно-систем.

– Верувам дека ова истражување даде делумен одговор на прашањето зошто постарите луѓе умираат набрзо после смртта на нивниот партнер кој им бил главна поддршка во животот, тврди др. Ана Филипс.

– Тие не умираат навистина од скршено срце, туку од посредниот ефект кој има многу стресна ситуација на нивните имунолошки функции.

Др. Филипс додава дека сите ефекти кои загубата на саканата личност може да ги има на нас,  се уште во целост не се испитани.

– Знаеме дека влијаат на имуниот системот, меѓу другото. Но се уште не е истражена целокупната улога која ја имаат хормоните лачени во таа стресна ситуација. Се надеваме дека оваа наша студија е само еден чекор кон разбирање на оваа сложена ситуација, изјави таа.

Резултатите од спроведените студии објавени се во експертското списание „Immunity and Ageing“ со препорака дека на постарите лица во ваква стресна ситуација би можела да им помогне хормонската терапија, како и советување со стручно лице.












Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button