Зодијакот и храната: Што сакаат да јадат хороскопските знаци?
Хороскопските знаци влијаат на многу аспекти од нашиот живот, на љубовта, професијата, но и на стилот на исхраната и здравствената состојба.
Водените знаци, во кои спаѓаат Ракот, Скорпијата и Рибите, се многу чувствителни на бактерии, габи и вируси. Кај нив репродуктивниот и лимфниот систем имаат најголемо влијание, како и телесните течности – крвта, лимфата и плунката.
Здравствените тегоби најчесто им се поврзани со емоциите бидејќи многу лесно ја апсорбираат негативната енергија од околината. Влијанието на поголемото количество на вода кај луѓето родени во овие знаци најчесто се манифестира со бавен метаболизам и лошо варење. За да ги победите овие тегоби, треба да го забрзате метаболизмот преку исхраната и физичката активност. Се препорачува почесто консумирање овошје, варен зеленчук и грав, а избегнување млечни производи, леб, сол и мрсна храна. Се препорачуваат лековитите дејства на босилекот, мајчината душичка, магдоносот и жалфијата.
Кај земјените знаци во кои спаѓаат Бикот, Девицата и Јарецот, земјениот елемент е клучен фактор за репродукцијата, растот и регенерацијата на ткивата. Овие знаци најчесто имаат проблеми со килограмите и неправилното функционирање на жлездите. Прејадувањето со тешка храна ја влошува состојбата. Сепак, добра вест е дека припадниците на овие знаци имаат убави и здрави заби и се отпорни на настинка и грип. Земјата како клучен елемент сугерира консумирање овошни салати, варен зеленчук, зачини, сокови, супа и чај, од кои лутите зачини (црниот и црвениот пипер и ѓумбирот) имаат лековито дејство. Но, треба да се избегнува тешката мрсна храна.
Кај огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец), огнот влијае на варењето на храната, а го прочистува организмот преку согорување на отровите, вирусите и бактериите. Но, овие знаци се повеќе склони кон висока температура. Огнот, како главна материја, доведува до нетрпение и гнев, се манифестира со висок крвен притисок, срцеви тегоби и чир. Кај овие луѓе не се препорачува зачинета храна, особено црвеното месо. Кај воздушните знаци меѓу кои спаѓаат Близнаците, Терезијата и Водолијата, воздухот е најважен елемент кој влијае на нервниот систем, како и на движењето и дишењето. Големото количество на воздух доведува до чувствителност и нервоза, сува кожа, коса и слузокожа. Во некои случаи може да дојде до нарушување на сонот или несоница, па дури и до губење на меморијата.
Воздухот не трпи шеќерБлизнаците, Терезијата и Водолијата треба да консумираат јаткасти плодови (ореви, лешници, ореви) и зеленчук, а треба да ги исфрлат од исхраната житарките, коренестите плодови, храната со квасец и рафинираниот шеќер.
Подготви: К. А.


