Занимливости

Материјалистите се депресивни и несреќни | Попара

Тие се фокусирани на финансиската вреднсот на се, заради што не се способни да бидат задоволни и благодарни на она што веќе го имаат, како ни да делат радост со другите.

Тие тежнееат да водат најскапи автомобили, одат на егзотични одмори и носат скапа облека, но тие нивни желби и нивниот став према парите им носи само несреќа, тврдат научниците од американскиот Универзитет Baylor. Според нив, материјалистите почесто развиваат симптоми на депресија и општо незадоволство во животот.

Главната причина за тоа е нивниот став т.е фокусот на вредноста на парите заради што не се способни да бидат благодарна за она што веќе го имаат – пишува Medical News Today.

– Постојаното размислување за тоа што го немаш и што го сакаш е негативно и е лошо за здравјето – рекла авторката на студијата.

Благодарност и задоволство се позитивни ставови кои влијаат и на тоа какви сме према другите, па според ова,  материјалистите не се заинтересирани да помагаат на другите надвор од својата фамилија.

– Колку луѓето повеќе имаат и поседуваат, не стануваат посреќни туку постојано ја подигнуваат нивната референтна точка и се во постојано барање а тоа им носи незадоволство  заклучил ко-авторот на студиите, James Roberts.

 „Не расипувај го со жалење тоа што го имаш. Сети се дека тоа што денес го имаш некогаш само си го посакувал”  Epikur

 

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button