Пеколните жештини победете ги со трикови: Како да се разладите во тропските денови
Во овие пеколни горештини поголемиот дел од граѓаните може да си допуштат да ги пуштат своите клима-уреди за да се разладат во своите домови, но не можат сите да си го допуштат тоа уживање бидејќи подоцна ќе го почуствуваат врз домашниот буџет и на високите сметки за струја.
Посиромашните мораат да се снаоѓаат на сите можни начини и внимателно да го трошат секој денар, па се осудени на вистинско „варење“ во летните горештини.
Но добрата вест е дека на повеќе начини може да се разлади домот и да се направи пријатна температура во станот и без клима-уредите. Првиот и основен совет е да не се пропуштаат сончевата светлина и топлина внатре и така во целиот ден прозорците и вратите да бидат затворени преку целиот ден, со задолжително спуштени ролетни. Затоа пак просториите е пожелно да ги проветрувате преку ноќ и наутро.
Од голема корист во текот на големите жештини може да биде и вентилаторот, а потрошувачката на енергија ќе биде значително помала од онаа кога се вклучени клима-уредите. За да имате поголем ефект на разладување со вентилаторот постои и еден трик. Наполнете неколку шишенца со вода и во секое од нив ставете по три лажички сол, а потоа преку ноќ ставете ги во замрзнувач. Солта го снижува нивото на температурата на која водата се замрзнува, па ќе добиете супер ледено шишенце со вода. Наутро извадете го шишенцето пред вентилаторот и по него ставете еден сад бидејќи по некое време се почне да се топи.
Исто така се препорачува и вклучување на што е можно помалку електрични апарати бидејќи тие даваат дополнителна топлина. А исто е и со светилките.
Замрачете ги прозорците
Прозорците во текот на најтоплиот дел од денот треба да се држат затворени и со спуштени ролетни. Исто така, се советува на прозорците да се стават бела или светла заштита бидејќи на тој начин се одбива светлината.
Туширање наутро и навечер
Влажноста на воздухот го прави просторот потопол. Затоа е потребно облеката да се пере рано наутро или доцна навечер, а туширањето практикувајте го во најстудениот дел од денот или наутро или доцна навечер.
Лед на зглобовите и на вратот
Повремено на зглобовите, челото или на вратот треба да ставате вреќички со лед. Туширајте се со млака или студена вода, а откако ќе се истуширате не користете крпа за бришење туку оставете водата сама да испари.
Исклучете се од струја
Кога не сте дома, се препорачува да исклучите од струја што е можно повеќе апарати од домаќинството. Кога сте дома, во најтоплиот период од денот користете ги само оние апарати кои ви се потребни. На пример машината за перење на алишта користет ја рано наутро или доцна навечер. Се советува и обичните светилки да ги замените со флуоросцентни. Светлото значително дава топлина, а флуоросцентните светилки се постудени.
Чувајте повеќе собно цвеќе
Собните свеќиња и растенија ќе ја разладат просторијата во која престојувате, но многу е важно бидејќи прозиведува кислород, ги отстранува непријатните мириси, па воздухот ќе биде почист и посвеж.
Подготви:Б.В.

