Занимливости

Што не треба да правите после јадење

За некои работи што ги правиме после јадење, а за кои сме убедени дека се добри за нас, изгледа дека сме згрешиле. А еве и зошто:

sleeping

Пушење

Пушачите обично сакаат да запалат после јадење. Пушењето секако не го препорачуваме, но особено е опасно после јадење. Зашто како што тврдат стручњаците, ако запалите цигари веднаш после оброкот му штетите на организмот исто како да сте запалиле 10 цигари одеднаш. Ризикот од рак на белите дробови е зголемен. Исто така пушењето влијае и врз влошувањето на синдромот на нервоза на цревата.

Прошетка

Иако е ова еден од најчестите совети, прошетката после јадење и не е толку добра како што се мислеше. Ако веднаш отидете на прошетка системот за варење нема да биде во можност да ги обработи и да ги „впие“ сите нутриенти од храната што сме ја изеле. Најдобро е да почекате барем половина час после јадење и тогаш да одите на прошетка (која ќе трае околу 10 минути). Во тој случај нема да имате стомачни проблеми, а прошетката ќе ви годи.

Овошје и чаеви

Ако после ручекот или вечерата веднаш „скокнете“ на овошјето може да дојде до појава на подуеност. Овошјето нема да може да дојде на ред за варење. Почекајте час или два, па потоа јадете овошје.

Чаевите се феноменални и одлични за варењето, но не и веднаш после оброкот. Содржат полифеноли и танини што ја отежнуваат апсорпцијата на железо. Ова е посебно лошо за оние кои имаат недостаток од железо, обично за децата и трудниците. Шолја чај сварете си час време после јадењето.

Бањање и спиење

Повеќето луѓе веднаш после ручекот одат на бањање, па и на попладневна „дремка“. Меѓутоа, ова е многу лош потег. Ако се бањате веднаш после оброкот крвта ќе почне посилно да циркулира во нозете, рацете занемарувајќи го стомакот што може да го ослабне системот за варење. Почекајте 30 минути после ручекот или вечерата.

Дремењето после ручек не е добро зашто така ќе го забавите варењето. Може да дојде до непријатно чувство во устата и грлото, но и до р’чење. Легнете да спиете дури 2 часа после оброкот.

Најдобро е после оброкот да седнете минута или две, раскренете ја масата, пригответе се за прошетка (во ова ќе ви помине веќе препорачаниот половина час) и излезете и прошетајте десетина минути.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button