Занимливости

Зошто треба да престанете да користите антиперспирант?


Зошто треба да престанете да користите антиперспирант?

Одамна е познато дека потењето е важно за одржување на нормалната телесна температура, но често забораваме дека секојдневно се трудиме да го спречиме овој природен процес.

zosto-treba-da-prestanete-da-koristite-antiperspirant-01.jpg

Во телото постојат околу 2,6 милиони потни жлезди, а со користење на антиперспирантите во секаков облик, ги спречуваме да функционираат нормално.

Речиси сите антиперспиранти содржат хемикалии кои ги затвораат порите и го спречуваат потењето, па затоа нивното користење го спречува исфрлањето на токсини од телото, што може да биде штетно по нашето здравје.

Ова се само дел од причините зошто треба да престанете со користење на антиперспирант уште денес:

1. Од антиперспирантот може да мирисате полошо

Едно истражување докажало дека со помош на овие средства кои го спречуваат потењето, всушност вашето тело мириса многу полошо.

– Тој не е добар за вас. Избричете ги влакненцата под пазувите ако сакате да мирисате посвежо. Вашето тело мириса лошо затоа што користите антиперспирант, велат научниците.


2. Со долгорочна употреба го поттикнувате развојот на микроби

Истражувањето спроведено од Крис Калевирт докажало дека антиперспирантите го зголемуваат бројот на лоши бактерии во пределот на пазувите. Тие бактерии се причинители за лошиот мирис на потта.


3. Потењето може да ви сигнализира дека сте болни

Потењето може да биде сигнал дека боледувате од сериозни болести, чии симптоми обично може да се незабележливи.

Дијабетес – Се поврзува со прекумерното потење заради дебелината. Покрај тоа, дијабетесот го пореметува нервниот систем кој испраќа сигнали до потните жлезди.

Ревматоиден артритис – Ова заболување најчесто ги погодува зглобовите, предизвикува воспаленија и може да го поттикне потењето.

Проблеми со срце – Запушените артерии се причинител за недоволна циркулација, па телото многу повеќе се поти кога се труди ја одржи температурата додека организмот се бори за пумпање на крвта.

Хипертироидизам – До оваа состојба доаѓа кога тироидната жлезда произведува повеќе хормони од вообичаено. Тоа го забрзува метаболизмот, што може да предизвика потење, како и необјаснето слабеење, анксиозност или хиперактивност.

Рак – Претераното потење се поврзува со неколку видови рак, како што е леукемијата, ракот на коските и ракот на црниот дроб.

Затоа, уште денес откажете се од антиперспирантите и внимателно следете го потењето на вашето тело. Овој знак понекогаш чини здравје.

Би можело да ве интересира:
37 факти за човечкото тело кои ќе ве изненадат: Срцето на жената чука побрзо од срцето на мажот37 факти за човечкото тело кои ќе ве изненадат: Срцето на жената чука побрзо од срцето на мажот…
Можеби мислите дека телото е ваше и сѐ што треба да знаете за него веќе ви е познато. Но, тоа крие м…
Имајте секси витки нозе само за 10 минути!Имајте секси витки нозе само за 10 минути!…
Летото наближува и време е да почнете со вежби, ако сакате гордо да ги покажете на некоја плажа или …
Носталгијата за краткото, безгрижно детствоНосталгијата за краткото, безгрижно детство…
Сите ние бевме деца, водевме сопствени битки, го чувствувавме крајот на светот заради изгубената опр…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button