Позитивните мисли ја намалуваат болката
Позитивниот начин на размислување влијае на тоа како ја доживуваме болката, тврдат научници од британскиот Универзитет Reading.

Само пет минути когнитивна бихејвиористичка терапија, која се служи со позитивни мисли, ја намалува болката за 60 проценти, пренесува Daily Mail.
Научниците со помош на термални сонди, кај испитанците на возраст меѓу 21 и 38 години, предизвикувале болка, со тоа што кај дел од нив се спроведувала и бихејвиористичка терапија. Оние кои биле на третман на позитивни мисли чувствувале до 58 отсто помалку болка од оние во другата група, покажале резултатите.
Во рамки на студијата испитаниците, исто така, доживеале секундарна хипералгезија, ширење на болката во подрачја на телото околу рани.
Кај луѓето кои се лекувале со позитивни мисли, болката се намалила за 38 проценти, додека кај другите се зголемила за осум отсто.
„Когнитивно бихејвиористичката терапија го менува начинот на кој мозокот ја доживува болката. Тоа би можело во голема мера да им помогне на болните“, истакнал водачот на студијата др Тим Саломонс.
Извор: Макфакс

