Занимливости

Пет трика за разладување на работа

Постојат трикови што ќе ви помогнат да си ги олесните тие осум(или повеќе) часа поминати на работното место, а ова се некои од нив:


1.Пијте многу течности

Секогаш имајте покрај себе шише со ладна вода која ќе спречи дехидрација. Не воздржувајте се да посегнете по вода неколку пати во текот на работното време.

2.Јадете лесна храна

Идеална прехрана за жешките летни денови е лесната храна. Во превод, тоа значи многу овошје и салати, а помалку месо и останати „тешки“ јадења. Исто така, се препорачуваат и природни напивки и различни видови шејкови.

3.Движете се

Ако имате седечка канцелариска работа, важно е да се движите и да го подобрувате протокот на крв во телото, а движењето е и инаку препорачливо.

4.Клима уреди и вентилатори

Иако повеќето фирми денес имаат клима-уреди, ако вашата нема, набавете си себе вентилатор кој донекаде ја ублажува жештината. Но, сепак бидете внимателни со климатизерите. Избегнувајте екстремно ниски температури и внимавајте климата да не дува директно во вас. Исто така имајте ја на ум и температурната разлика од вашата канцеларија до надвор.

5. Разладете се после работа

Во текот не летните горештини, важно е и тоа како го поминувате времето после работа. Наместо туширање зошто да не го посетите локалното градско езеро, река или базен. Опуштете се, оладете се, и заборавете на секојдневните грижи.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button