Занимливости

Пет женски навики кои ќе го исплашат секој маж

Ако одлучите да поканите своето момче во својот животен простор, мора да водите сметка за тоа и тој во него да се чувствува пријатно. Некои женски ситници би можеле да го направат нервозен и несигурен во вашето сигурно засолниште.


Фотографии од бившиот

Поранешното момче е поранешно и негови фотографии не треба да има во дневната соба или на вашиот мобилен телефон или компјутерот. Тоа не значи дека треба да ги запалите, туку ставете ги на некои скришно место.


Приватна литература

Секој поминува низ фаза на емотивна несигурност и „голтање“ на литература со психолошка помош или пак збирка со совети како експресно да се омажите или како да ги задржите момчето. Таквите книги треба да бидат скриени во фиока. Во спротивно може да ги протолкува како мошне застрашувачки.


Женски ситници

Тампони, влошки и други работи потребни само за жените се нешто што не сака и не треба да го види. И нему би требало да му биде пријатно во просторот во кој го каните, така што не откривајте баш се за себе. Поради таквите ситници може да му биде мошне непријатно.


Кадифени играчки

Мечето со кое сте си играле како девојче, омилената барбика или пак збирката од кадифени играчки на вашиот гостин никако не му се симпатични, па не би требало да ги држите во спалната соба барем не кога ќе го поканите на вечера и дружење. Играчките можат да оддадат порака дека сте очајни и дека барате некој да се грижи за вас.


Таблоидни списанија

Женската литература како и списанијата се преполни со сочни озборувања – интересно четиво за „убивање“ на времето. Но тоа не значи дека мора да ги носите со себе на кафе, дружење или пак да ги прелистувате во текот на романтичната вечера. Тој би можел да помисли дека сте површни или несериозни. 

 

Подготви: К. А.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button