Занимливости
Само 4 часа пред екранот дневно можат да предизвикат прерана смрт
Вторник, 04 Ноември 2014 17:12
Според истражувањата и доколку сте и физички активни, а поминувате повеќе од 4 часа пред телевизорот или компјутерот, ги зголемувате шансите за срцеви заболувања но и прерана смрт.
За разлика од луѓето кои само два часа во денот поминуваат пред телевизорот, оние кои поминуваат повеќе од 4 часа имаат два пати поголеми шанси да добијат срцеви проблеми поради кои ќе завршат во болница, предупредуваат научниците.
– Анализите покажаа дека два или повеќе часа поминати пред екранот предизвикуваат срцеви проблеми. Во студијата учествувале 4.512 воразни луѓе од Шкотска. Седењето пред екранот вклучува и играње игри, гледање филм на ДВД или користење на компјутерот.
