Најдобрите одлуки се донесуваат на празен стомак
Иако старата мудрост вели дека „стомакот нема уши“, и дека само кога сме гладни мислиме само на храна, ново истражување открива дека најдобрите одлуки се донесуваат токму на празен стомак.
И самите истражувачи чија студија е објавена во магазинот „PlosOne“, признаваат дека кога сме гладни имаме тенденција да губиме контрола над себе и дека единствено за размислуваме е само да каснеме нешто.
Научниците утврдиле дека гладот не принудува да се концентрираме на својот инстинкт, кој во случајот на донесување на долгорочни, комплексни одлуки може да биде посебно делотворен бидејќи ни помага подобро да ги согледаме последиците, па со самото тоа рационално одговараме за и против.
За време на тестот истражувачите од 30 испитаници побарале да се воздржат од јадење од 11 часот навечер до следното утро, кога одреден број од нив јаделе додека другите морале да го прескокнат доручекот.
Двете групи потоа направиле тест чија цел било испитувањето и мерењето на превземањето на ризикот и донесување на краткорочни и долгорочни одлуки. Се утврдило дека изгладнетите испитаници постигнувале далку подобри резултати од ситите испитаници. Студијата покажала дека гладта не не поттикнува повеќе да ризикуваме, туку напротив.
Заклучокот на научниците е дека гладта ја подобрува нашата способност за одлучување, под услов да не е претерана. Никој од учесниците во тестот не се пожаили на преголемата глад, и останува да се види кое ниво на глад може да биде контрапродуктивно.
Подготви:Б.В.
