Пет причини зошто не треба да ги грицкате ноктите
(Фото:www.sodahead.com Грицкањето нокти е лоша навика од која тешко можеме да се отарасиме. Ова се петте причини од поради кои мораме да се обидеме.
Ги расипува забите
Поради грицкањето вашите заби работат„ прекувремено“. За време на гризењето вашите заби не се во правилна положба, се ослабнуваат и се искривуваат
Штети на здравјето
Познато е дека нашите раце се полни со бактерии и редовно забораваме да ги измиеме.Со грицкањето бактериите влегуваат право во нашиот организам.Ова е уште полошо за девојките поради лакот кој го ставаат.
Ја уништува подноктицата
Со грицкањето лесно може да предизвикате запаление на подноктицата и да пренесете бактерии во вашите заби. Лесно може да добиете и запаление.
Може да ви се појават брадавици
Тие може најчесто да се појават кај деца и адолесценти и лесно може да се пренесат на лицето и устата.
Ќе трошите пари
За да ги санирате последиците од оваа навика, порано или подоцна ќе треба да потрошите пари, без разлика дали на забар или на маникир.
(Телеграф.мк/Zadovoljna.hr)



