НОВО ОТКРИТИЕ: Зошто мажите живеат пократко од жените?
(Фото:medicaldaily.com) Експертите од универзитетите во Калифорнија и Лос Анџелес спровеле опсежно истражување за смртноста на мажите и жените и утврдиле дека во овој момент жените во сите земји во светот живеат подолго од мажите.
Зошто мажите умираат пред жените?
Експертите велат дека главна причина за тоа е стилот на живот. Во денешно време поголем број мажи живеат нездрав живот. Пушат, пијат, јадат нездрава храна заситена со нездрави масти, помалку се активни, а сето тоа доведува до кардиоваскуларни болести.
Токму тие се водечката причина за смрт кај мажите постари од 40 години. Иако сè уште не постојат цврсти докази за тоа, научниците велат дека постои можност мажите да се биолошки поранливи и посклони на болести на срцето.
Совет до мажите е да избегнуваат цигари, алкохол и здраво да се хранат за да ја поправат оваа црна статистика.
(Телеграф.мк)