Занимливости

СВЕТСКИ ДЕН НА ВИДОТ: Бесплатно извршена успешна операција на катаракта

Успешна операција на катаракта вчера бесплатно изврши тим во „Систина офталмологија“ врз 64-годишна пациентка, а по повод 9 Октомври, Светскиот ден на видот. Пет до 6.000 лица во Македонија годишно имаат потреба од операција на катаракта.

Ова денеска го изјави директорот на „Систина офталмологија“, специјалист по офталмологија Златко Арнаудовски, кој рече дека интервенцијата на катаракта се изведува како една многу лесна, брза и ефикасна метода на еднодневна хирургија која се вика фако емулзификација.

Посочи дека со низа хуманитарни активности се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на видот. Денеска организираат бесплатно мерење на очниот притисок во ТЦ „Зебра“ од 13 до 16 часот, а нивни лекари специјалисти ќе бидат присутни таму за консултации со сите заинтересирани во врска со очните болести.

Пациентката му се заблагодари на тимот кој ја изврши операцијата.

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

Сега можам да се движам без никакви проблеми. Се чувствувам добро. Подолго време имав проблеми. Првото око ми го оперираа во февруари, но другото око почна веднаш потоа да фаќа перде. Дијабетичар сум. Проблемите се појавуваа во ноќните часови кога не можев да гледам. По операцијата можам да гледам – истакна пациентката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Арнаудовски рече дека возрасната граница почнува да се намалува, а причините за појава на катаракта кај помладите генерации треба добро да се анализираат почнувајќи од загадувањето, разните зрачења, неконтролирано користење лекови, низа болести. Додаде дека оперираат и едномесечни бебиња кои имаат вродена катаракта.

(Телеграф.мк/МИА)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button