Шизофренијата низ уметноста

Шизофренијата е страшно и моќно ментално пореметување, чии симптоми можат да вклучуваат се од абнормални друштвени постапки и однесувања, па до слушање гласови и незнаење што е реално, а што не. Често вклучува и други секундарни пореметувања како депресија и анксиозност. Нема потреба да се објаснува колку е тешко некој да се справи со еден ваков застрашувачки микс.
Сепак, постојат луѓе што успеале нивното растројство да го претворат во нешто помалку опасно – во уметност.
Следните дела се создадени од рацете на шизофреничари. Некои од нив се непријатни и тешки за гледање, но за нивните креатори овие дела се начин да го визуелираат немирот во нивните глави.
„Electricity Makes You Float“ од Karen Blair, жена со шизофренија.

Следните две слики се дело на непознат автор шизофреничар. Тие се негов обид да го претстави апстрактниот кошмар што владее во неговите мисли.


Edmund Monsiel, уметник од 1900-те, за кој се верува дека имал шизофренија.
Цртежот е најден во напуштен санаториум. Авторот страдал од параноидна шизофренија.
Erik Baumann и неговата идеја за тоа како изгледа неговата мака.
Во 1950-та, Charles Steffen почнал компулсивно да црта вакви слики, додека престојувал во ментална институција. Делата зрачат со опсесивна желба за трансформација.
Авторот на овој цртеж имал редок случај на параноидна шизофренија, проследена со визуелни халуцинации. Фигурата „Wither“ е една од неговите визии.
Делото е наречено “Motifs of Mania” и ја претставува болеста како сенишен штетник.
Серија од цртежи на мачки, на Louis Wain од раните 1900-ти. Го претставуваат постепеното тонење во разни стадиуми на шизофреничните епизоди.
Дело на Johfra Draak, нацртано во 1967-та. Претставува шизофренична реимагинација на Дантеовиот пекол.






