Просечно траење на емоциите: Тагата трае најдолго, околу 120 часа
Научниците од Универзитетот Леувен во Белгија спровеле студија во текот на која ги следеле испитаниците во секојдневниот живот, анализирајќи ги нивните емоции, како и нивниот интензитет и нивното просечното траење.
Преболувањето по раскинување на љубовна врска, смрт на близок човек или генералното чувство на тага се емоции кои се најинтензивни кај луѓето, а една од причините за тоа е што траат 240 пати подолго од некои други чувства како што е срамот, изненадувањето, нервозата или здодевноста, покажала студијата.
За време на ова истражување научниците ги следеле испитаниците во секојдневниот живот, анализирајќи ги нивните емоции како и интензитетот и просечното трање , пренесува „Дејли меил“.
Од дури 27 различни чувства, тагата трае најдолго – околу 120 часа, а по неа следи омразата која луѓето во просек ги држи околу 60 часа, па следи радоста која трае 35 часа, заклучиле научниците.
Кога станува збор за другите емоции љубомората трае 15 часа, олеснувањето 8 часа, ентузијазмот 6 часа, благодарноста 5 часа, опуштањето 4,3 часа, вината 3,5 часа, стресот 3 часа, гордоста 2,6 часа, трогнатоста 2,5 часа, лутината 2 часа, нервозата и сочувството траат 1,3 часа, понижувањето 0,8 часа, стравот 0,7 часа, а срамот и гадењето 0,5 часа.
Подготви:Б.В.