Занимливости
Кокаинот му штети на срцето
Истражувањето спроведено во САД ја поврзува конзумацијата на кокаин со зголемена присутност на маркери поврзани со болести на срцето и крвните садови.
Научници од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ додаваат дека редуцирањето или целосниот прекин на внесување кокаин доведува до намалување на присутноста на маркерот endotelin-1 (ET-1).
Овој протеин укажува на развојот на оштетувањето на внатрешните ѕидови на крвните садови, покажуваат податоците собрани во текот на шест месеци од 57 испитаници.
„Journal of Addiction Medicine“ пишува дека новите наоди го појаснуваат големиот ризик за атеросклероза кај конзументите на кокаин.

