Занимливости
ЕКСПЕРИМЕНТ: „Здравата“ храна е всушност нездрава
(Фото Блиц.рс)Австралискиот глумец Дејмон Гемау направил прилично екстремен експеримент за да покаже колку „здравата“ храна е всушност нездрава. Имено тој, 60 дена ги јадел сите оние намирници кои важат за здрави, како овошни сокови, јогурт, овесни снегулки и спортски напитоци. После неколку недели со ваква исхрана полна со скриени шекери тој добил замастен црн дроб, се здебелил и почнал да се чуствува незадоволно.
Тој својот експеримент го забележал во филмот „That Sugar Film” кој ќе се прикаже за сите да видат какви може да бидат последиците од ваквиот режим на исхрана.
– Шекерот се наоѓа во 80 проценти од храната која ја јадеме но владее константна конфузија околу неговиот ефект- објаснува Гемау во филмот.
(Телеграф.мк/Блиц.рс)



