Занимливости
Нова причина за појава на рак: Има нешто поважно од гените и начинот на живот

Најголем број на канцери се резултат на лоша среќа, а не последица на гени, диета и нездрав начин на живот, покажало истражувањето на Универзитетот „Џон Хопкинс“. Нивното истражување открило мутација во во ланецот на ДНК, која ги оштетува ќелиите и предизвикува две третини од ракот кај возрасните личности.
Ракот, во преостанатата третина на случаи, се појавува поради влијанија на животната средина или поради генетски фактори, пишува магазинот „Science”.
Научниците порачуваат дека е тешко да се намали ризикот од рак само со промена на животниот стил, но дека алкохолот, пушењето и диетите можат во одредена мера да го „започнат“ ланецот на лоша среќа кој на крајот доведува до канцер.

„Сите видови на рак се комбинација на лоша среќа, влијание на животната средина и наследство, ние направивме модел кој може да го одреди влијанието на секој од овие три фактори. Студијата покажа дека пушењето и други нездрави навики можат да го зголемат ризикот од канцер. Меѓутоа, многу облици на рак се резултат на лоша среќа, мутација на гените, која се појавува без оглед на гените и начинот на живот. Најдобар начин да се спречи таквиот вид на рак е рано откривање и операција“, вели професор Берт Вогелштајн од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Она што е, според ова истражување, поважно од генетските причинители и нездравите навики, е таканареченото раздвојување на ќелиите, кое во просек во текот на живото зафаќа 31 вид на ткива во организмот. Тоа е поврзано со 65% од случаите на канцерогени заболувања. Научниците веќе со децении знаат дека одреден вид на ткиво го поттикнува ракот, ова истражување дополнително ги расветлило тие сознанија – клучот е во мутациите кои се појавуваат поради „замена“ на хемиските состојки во ДНК во текот на поделбата на ќелиите. Засега, тие мутации му се препишуваат на факторот среќа.
Како што додава професор Вогелштајн, луѓето кои не заболуваат од рак можат повеќе да и` се заблагодарат на среќата, отколку на добрите гени и паметните навики.

