Џејми Оливер откри голема тајна: Вино што ќе го паметите цел живот
Еден од омилените зимски напитоци, кој го грее секој дел од телото и кога температурата се спушта под нулата, е вареното вино. Деликатесниот напиток е одлична увертира за претстојните празници и добра причина за собирање на друштвото и саканите во топлиот дом исполнет со ароматични мириси од неодоливите зачини. За сите вас што сте во потрага по усовршување на досегашниот омилен напиток – виното, ви го донесуваме рецептот на славниот британскиот готвач Џејми Оливер.
Состојки:
2 мандарини
1 лимон
1 лимет200 г шеќер
6 каранфилчиња
1 стапче цимет
3 ловоров лист
1 стапче ванила
2 ѕвездасти аниси
2 шишиња црвено вино
Подготовка:
1. Излупете ги мандарината, лиметот и лимонот и исечкајте ги на мали парчиња. Во голем сад ставете шеќер и со лесно мешање оставете да се истопи на средна температура, потоа додајте ја кората од цитрусот, па сето тоа залијте го со сок од мандарина. Додајте го каранфилчето, стапчето цимет и ловорот. Стапчето ванила исечете го по должина и додајте го во садот, кратко промешајте ја смесата и прелијте ја со вино толку колку да се покријат сите состојки.
2. Оставете на тивок оган смесата да се вари околу пет минути додека шеќерот не се растопи, по што ќе добиете густ сируп. Добиениот сируп е база за совршено вкусно варено вино од кое остатокот од алкохолот дополнително помешан на овој начин нема да изветрее.
3. Кога вашиот сируп ќе поприми кремаста структура, намалете го огнот и во садот додајте анис и сипете го остатокот од виното. Тивко загревајте околу пет минути внимавајќи да не зоврие, потоа виното наточете го во чаши и послужете го.
СОВЕТ: Состојките во рецептот можете да ги намалите или да додајте некои свои омилени во зависност од вкусот што го преферирате. Најважно е да ја следите постапката на приготвувањето на сирупот, кој е база за совршен вкус на варено вино.