Ефикасно слабеење со шејк од банана и овес
За да се подготвите за на море обично си наметнувате исцрпувачки диети. Наместо да се изложувате на слични маки, пробајте диета со замена на еден од оброците.

Имено, пропуштањето на оброк претставува ризик од дебелеење бидејќи на тој начин само го кочите метаболизмот и ги зголемувате килограмите.
За да го намалите внесувањето калории и истовремено да не пропуштите оброк, пробајте ја диетата со банана-овесен шејк.
Таа е погодна како замена на појадокот, бидејќи во него се содржат хранливи материи кои даваат енергија до ручекот. Така нема да пропуштите оброк, а нема ни да сте гладни.
Состојки:
2 големи банани се сечат на крупни парчиња
½ чаша овесни снегулки
1 лажица мед
250 мл млеко од соја
2 капки екстракт од ванила
Измешајте ги првите 4 состојки во блендер. Можете да додадете и малку мраз по желба. Конечно додадете ванила и мешајте со лажица.
Ако не ви се допаѓа соиното млеко, можете да приготвите шејк со обично, но обезмастено млеко.
Правете го тоа секое утро во текот на 3 недели и ќе го забележите ефектот!