Занимливости

Внимавајте: „Селфи“ е ментално нарушување со три нивоа – во кое ниво спаѓате вие?

Американската психијатриска асоцијација (АПА) на состанокот на својот управен одбор официјално потврдила дека популарниот тренд „селфи“, односно фотографирањето самиот себеси е, всушност, ментално нарушување.

 

– „Селфи“ е ментално нарушување, а се дефинира како опсесивна желба за фотографирање на самиот себе и поставување на истите фотографии на социјалните мрежи поради недостиг на самодоверба и пополнување на празнините во интимниот живот – велат од АПА.

 

АПА наведува дека постојат три нивоа на нарушување. Првото е ограничен „селфи“, односно фотографирање себеси најмалку трипати дневно без објавување на фотографиите на социјалните мрежи. Другото ниво е акутен „селфи“, односно фотографирање на самиот себе трипати дневно објавувајќи ги сите фотографии на социјалните мрежи. И третото нови е хроничен „селфи“, односно неконтролирано фотографирање на самиот себе со објавување на фотографии на социјалните мрежи најмалку шест пати дневно. 

Стручњаците тврдат дека најдобар лек за нарушување се когнитивно-бихевиоралните терапии, односно терапиите за лекување на нарушувањата во однесувањето.

 

Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button