Занимливости
Лазаров и Барселона ја одбранија титулата на Супер Глоуб
Ракометарите на Барселона го одбранија трофејот на светското првенство за клубови, откако во финалето го совладаа Ал Сад со 34:26 (15:13).
Во финалето на популарно наречениот ИХФ Супер Глоуб, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна четири гола за каталонскиот тим.
Покрај Лазаров, репрезенти на македонскиот ракомет беа и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои од ИХФ ја добија довербата да го судат финалниот меч.
Третото место на Супер Глоуб му припадна на европскиот првак Фленсбург кој убедливо со 27:17 го совлада Ал Џаиш.