Кога гаќичките стануваат непријател на вашето здравје?
Недела, 22 Декември 2013 13:59
Кај повеќето жени, при изборот на гаќички важно им е тие да се убави, да им стојат добро и во нив да се чувствуваат секси. Но таквиот избор не само што е погрешен, туку и штетен за вашето здравје.

Тангата е лош избор- Жените сакаат да носат танга, а мажите сакаат да ги гледаат жените во танга. Но тангата е честа причина на инфекции и воспаленија бидејќи често се „помрднува” лево-десно. На тој начин бактериитеод анусот се пренесуваат на вагината.
Избегнувајте полиестер, чипка и сатен- Ваквите материјали не и дозволуваат на кожата да дише па се честа причина за појава на инфекции. Баш како и тангата, ваквите видови веш оставете ги за посебни прилики, а секојдневно носете памучен долен веш.
Исто така, многу е важно да вежбате во памучни гаќи. По вежбањето обавезно пресоблечете се, бидејќи мокрите гаќички овозможуваат полесно ширење на бактериите.

0 Коментари