Занимливости

Рај за бактерии: 7 највалкани места во домот

Бактериите во домот се присутни на некои места и предмети на кои најмалку ги очекувате и кои би требало да бидат чисти. Биологот Кели Рејнолдс од Закерман колеџот во Тускон, објаснува каде да ја фокусирате својата енергија кога го чистите домот и каде би било добро да употребите средство за дезинфексијца при чистењето.

Сунѓерчето за миење садови

Сунѓерите и крпите за садови редовно покажуваат позитивни резултати на тестовите за бактерии како што се салмонела, ешерихија коли и стафилококи. За да го намалите нивното присуство, најдобро е по употребата да ги поминете со топла вода, да ги исцедите и да ги оставите да се исушат.

Еден од начините да се стерилизира сунѓерот е да се стави во микробрановата печка на една минута. Важно е тој да е мокар, бидејќи во спротивно може да предизвика пожар. Исто така потребно е сунѓерот да се менува на секои две недели, а работните површини редовно да се дезинфицираат.

Четката за заби

Секојдневно оставаме бактерии од устата на четката за заби, а покрај тоа четката многу често е во близина на ВЦ шољата. Еднаш неделно може да ја миете четката и чашката во која стои во машина за перење на садови, а таа  треба да се менува на секои три месеци или после грип.

Мијалникот во кујната

Во мијалникот обично има повеќе од 500.000 бактерии – десет пати повеќе отколку просекот во ВЦ шољата, вели Проф. Рејнолдс.

Ножевите и даските за сечење кои се во контакт со сирово месо се потенцијални патогени. Пожелно е двапати неделно убаво да се измие мијалникот со четка, како и да се помине со некое антибактериско средство.

Далечински управувач и тастатури

Далечинскиот управувач за телевизорот и тастатурата на компјутерот се меѓу најзагадените предмети во домот. Причината за тоа е што луѓето често јадат нешто додека менуваат канали или пак додека работат на компјутерот. Во таа ситуација зад себе луѓето оставаат маснотија и бактерии кои се размножуваат. Сите тие такви уреди потребно е да ги чистите редовно со крпа натопена во средство за дезинфекција.

Тепих

Во тепихот во дневната соба и претсобјето, таму каде што сите редовно поминуваат, најчесто има многу бактерии. Во него може да се најдат клетки од кожата, трошки од храната, полен и влакна од вас и од милениците. Додека одите по тепихот или пак додека децата се тркалаат по него, голема количина од бактериите доаѓаат на површината. Корисно е да се поминува со правосмукалка еднаш неделно и потоа тепихот да се чисти со средство за дезинфекција на текстил.

Пешкирот во бањата

Ако пешкирот остане мокар 20 или повеќе минути, бактериите почнуваат да се размножуваат. Добро е да ги чувате пешкирите на хоризонтални држачи за нив, а не закачалки бидејќи така полесно се сушат.

Женската ташна, ранецот и паричникот

Овие предмети често доаѓаат во контакт со бактерии бидејќи многу често ги оставаме на валкани места. Ранците и ташните често завршуваат на под, на седиштето во автобусот или пак на некое друго валкано место. Паричникот ако не е од кожа може да го исперете во машина за алишта, а истото важи и за ранците и за спортски торби. 

Оние кои се од кожа треба да ги чистите и одржувате со специјални средства за нега на овој материјал.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button