Занимливости

Ракометарите стартуваа со подготовките за СП во Катар

Ракометната репрезентација на Македонија, денеска ги започна подготовките за настап на Светското првенство во Катар. Селекторот на националниот тим, Ивица Обрван, на првиот тренинг од повиканите играчи ги немаше само Кирил Лазаров и Никола Стојчевски, кои поради клупски обврски во текот на неделата ќе и се приклучат на репрезентацијата.

Според планот на селекторот репрезентативците ќе се подготвуваат во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ до 30-ти декември, потоа ќе следува пауза до 2-ри јануари кога ќе продолжат подготовките. Македонската селекција во подготвителниот период ќе одигра и неколку контроли средби, две во Скопје и две на турнирот во Франција.

Селекцијата од Скопје ќе замине за Франција на 8-ми јануари, а по учеството на турнирот во земјата на европскиот првак ќе продолжи за Катар, каде од 15-ти јануари до 1-ви февруари ќе се одржува светското првенство.

Македонската репрезентација во првата фаза ќе се натпреварува во Б групата заедно со националните тимови на Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и Иран.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра на 16-ти јануари против Тунис, а потоа следуваат дуелите со Иран (17-ти јануари), Босна и Херцеговина (19-ти јануари), Хрватска (21-ви јануари) и Австрија (23-ти јануари).

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button