Рецепт: Гурманско рижото со зеленчук
Топлото време е идеално за полесни оброци, особено оние кои брзо и лесно се подготвуваат и не бараат многу време покрај шпоретот.
Состојки:
2-3 тиквички
1 морков
1 пиперка
200 г боранија
1 главица кромид
2 домати
2 шолји ориз
2 лажички сечкан магдонос
маслиново масло
сол, бибер, мешавина суви зачини
3 шолји вода
Подготовка:
Тиквичките исечете ги на коцки, посолете ги и оставете ги да отстојат за да ја пуштат водата. Потоа измијте ги и просушете ги, па пропржете ги на малку маслиново масло. Во истата тава пропржете го кромидот исечкан на малку поголеми коцки и доматите исто така исечкани на коцки, исечканата пиперка и морков, боранијата, и уште малку пропржете ја целата смеса. Додајте ги зачините и пропржените тиквички. По извесно време додајте го оризот. Преку сета смеса прелијте врела вода во која претходно сте разматиле сол.
Во текот на готвењето не мешајте го оризот, туку повремено потресете ја тавата. Кога водата ќе зоврие, намалете на среден оган и оставете да се динста покриено околу 15 минути. Потоа намалете ја температурата на најниска и гответе околу 10 минути. Кога ќе биде готово јадењето тргнете го од ринглата и префрлете го рижотото во поголем сад. Посипете одозгора со магдонос и послужете.
Подготви: К. А.
Фото: SHUTTERSTOCK/http://zena.blic.rs
