Занимливости

Колку чекори се потребни за да се одбегне срцев удар? | Точка

Пешачењето може да го намали ризикот од срцев удар, како што може да ви каже секој доктор. Сега научниците пронајдоа колку чекори точно се потребни за да го сочувате вашето срце здраво.

Дури и луѓето кај кои ризикот е поголем поради дијабетес можат да ги намалат можностите за проблеми со срцето, и срцевиот удар меѓу другото, на 8 посто.


Во новото истражување објавено во дневникот Lancet, научниците обајвуваат дека доколку луѓето со рани знаци на дијабетес, направат 2.000 екстра чекори на ден – еквивалент на 20 минути пешачење со умерено темпо, може да им помогне да ги намалат шансите за проблеми со срцето.


Тимот истражувачи проверил податоци од 9.306 возрасни лица од 40 земји кои учествувале во истражувањето наречено НАВИГАТОР. Сите волонтери имале задача да се придржуваат до програма со која ќе ослабнат, и мораат да вежбаат 150 минути неделно. Им биле дадени педометри кои ги носеле една недела на почетокот на студијата, и потоа една година подоцна.



Користејќи статистичко моделирање, истражувачите ја проучиле врската меѓу бројот на чекори кои учесниците ги направиле во просек, и нивниот релативен ризик од срцеви проблеми во текот на една година, сметајќи и на потенцијалните фактори кои можат да влијаат на степенот на заболувања на срцето, како диети и поранешна историја на срцеви проблеми на учесниците.


Магичниот број се чини дека се 2.000 чекори. Дури и пред студијата да започне, за секои 2.000 чекори на ден еден учесник кој има тенденција да ја исполни оваа квота, има 10 посто помала стапка на заболувања до крајот на годината.


За време на годината на студијата, имало 8 посто уште помал ризик од срцева болест за секои 2.000 чекори на ден. Ова би требало да бидат охрабрувачки вести за оние кои го додале вежбањето во својата дневна рутина. Не мора да го земате зброот на вашиот доктор здраво за готово – сега има прилично убедувачки податоци за тоа колку точно пешачење е потребно за да се одбегнат заболувања на кардиоваскуларниот систем.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button