Занимливости

Сите кои пушат цигари би требало да го прочитаат ова

Сите знаеме дека пушењето има негативно влијание на здравјето и дека е многу опасно. Но, многу луѓе не знаат за уште неколку проблеми врзани со пушењето…. Исто така, треба да се обрне внимание и на пасивните пушачи – тие кои живеат и се во често друштво со пушачите.

ЕВЕ НЕКОЛКУ ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА ПУШЕЊЕТО:


1. Пушењето предизвикува хронична катаракта – заматување кое се развива во очната леќа или во обвивката на очната леќа. Катарактата е главната причина за појава на слепило. Пушењето ја оштетува леќата и ја зголемува можноста за добивање на катаракта. Ова се однесува и за активните и за пасивните пушачи.


2. Пушењето го зголемува ризикот од дијабетес – Активните пушачи се изложени на виско ризик од развој на дијабетес. Едно истражување кое траело 50 години, покажало дека со престанување на пушење, овој ризик драстично се намалува.


3. Ракот на белите дробови не е единствениот рак кој го предизвикува пушењето, тоа предизвикува и рак на бубрезите, на желудникот, на цревата, рак на матката, рак на дојката, рак на носот и синусите… Пушењето исто така предизвикува повторно враќање на ракот.


4. Пушењето влијае врз имунолошкиот систем – Пушењето предизвикува воспаленија и невродегенеративни болести. Пушачите се повеќе подложни на грип и запаление на белите дробови. Хемикалиите во цигарите ја оштетуваат реакцијата на имунолошкиот систем и го намалува нивото на антиоксиданти во крвта.


5. Пушењето влијае врз орофацијалната генетика кај децата – Утврдено е дека во САД се родени 2.600 деца со таа состојба. Исто така е потврдено дека жените кои се активни пушачи имаат поголем ризик отколку непушачите, да родат деца со орофацијални проблеми.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button